Хит рецепт за салата од моркови што ги намалува менструалните болки и го топи салото на стомакот (видео)

Голем број рецепти стекнаа огромна популарност благодарение на социјалните мрежи, а еден од нив е и рецептот за салата од свежи моркови која е одлична за деновите пред и за време на менструација, затоа што ги балансира хормоните во телото.

hit-recept-za-salata-od-morkovi-shto-gi-namaluva-menstrualnite-bolki-i-go-topi-saloto-na-stomakot-video-01.jpg

Според корисниците на социјалните мрежи оваа салата помага да се регулираат хормоните во женското тело и особено помага да се избалансира нивото на естроген.

Корисничките на ТикТок тврдат дека оваа салата им помогнала да се ослободат од непријатните болки во стомакот за време на менструацијата, а освен тоа споделуваат дека салатата е ефикасна и за регулирање на нередовниот циклус, променливото расположение и грчевите.

Други пак велат дека со нејзина помош успеале да се ослободат од упорното сало на стомакот.

Како да ја подготвите оваа салата?

Потребни состојки:

  • 2 моркови со средна големина, измиени и излупени;
  • 1 голема лажица сусамово масло;
  • 1 голема лажица оризов оцет;
  • 1 голема лажица соја сос;
  • 1 голема лажица семе од сусам, потпечен во тавче;
  • ½ мала лажичка хималајска сол;
  • ¼ мала лажичка мелен црн бибер.

Начин на подготовка:

Со нож за лупење, претходно исчистените моркови се лупат на долги тенки ленти и се ставаат во подлабок сад;

Се додава сусамово масло, оризов оцет, соја сос, семе од сусам, сол и црн бибер и сите состојки се мешаат.

Погледнете го видеото:

@mydelicioustiktok Super easy & delicious carrot salad! #carrotsalad #carrots #carrotslice #salad #saladrecipe #saladrecipes #healthycooking #healthyrecipe #healthyrecipes #saladtok #tiktokfood #food #foodtok #GetTheWChallenge #TeamofTomorrow ♬ original sound - AntiNightcore

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg