Домашен бурек со месо за 15 минути - најгледаниот рецепт на Dave’s Kitchen со 100.000 прегледи

Како да подготвите бурек во домашни услови и тоа со готови кори, а не со тегнети? Давор Панчевски познат како Dave’s Kitchen го има вистинскиот рецепт за вас - се прави за 15 минути, крцкав како од пекара, а видеото има веќе 100.000 прегледи. 

domashen-burek-so-meso-za-15-minuti-najgledaniot-recept-na-dave-s-kitchen-so-100-000-pregledi-01.jpg

Видео рецептот за домашен бурек на YouTube е прегледан над 100.000 пати, а дел од оние што го пробале велат дека ова е одличен рецепт и дека им се допаѓа конечниот резултат.

„Пробан, преубаво излегува, фала за рецептот“, „Супер изгледа“, „Ова мора да се проба“ – стои во дел од коментарите.

Погледнете го во продолжение рецептот на Давор:

Потребни состојки

  • 500g готови кори
  • 200ml минерална вода
  • 100ml масло за јадење
  • 1 пакетче прашок за печиво
  • 500g мелено месо
  • 1 средна главица кромид, ситно исечкана
  • 1 лажичка мешан сув зеленчук
  • 2 лажици масло за јадење
  • сол и мелен црн пипер по вкус

Начин на подготовка:

  • Најпрво подгответе ја тавата во која ќе го подготвите бурекот. Земете округла тава број 32 и премачкајте ја со масло за јадење;
  • Во сад на страна промешајте ги минералната вода, маслото за јадење и прашокот за печиво;
  • Во тава на загреано масло започнете да го пржите ситно исечканиот кромид. Додајте го меленото месо и гответе 2-3 минути на средна температура. Додајте го мешаниот сув зеленчук и зачинете со сол и мелен црн пипер по вкус. Гответе околу 10 минути додека месото не биде комплетно зготвено;
  • Земете две кори и ставете ги во претходно подготвеното тавче, така што краевите ќе висат надвор од тавата;
  • Пропрскајте со течноста од минерална вода и масло. Земете три-четири кори, стуткајте ги и ставете ги во средишниот дел од тавата. Пропрскајте со течноста и нанесете од филот со мелено месо. Повторно стуткајте три-четири кори, ставете ги во средишниот дел и пропрскајте со течноста. Нанесете од филот и повторете се додека не ви останат две кори;
  • Поклопете го цело тавче со последните две кори, оставајќи ги краевите да висат надвор од тавчето;
  • Превиткајте ги долните и горните краеви навнатре и полејте со преостанатата течност;
  • Печете во загреана рерна на 190 степени околу 30-40 минути, или додека не добие убава златно кафена боја;
  • Оставете бурекот малку да се излади, а потоа пресечете парчиња и послужете со шолја јогурт.

Видео упатство:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg