Брз десерт: Домашни пралини од бела чоколада со Нутела и Орео колачиња
-->
Како да подготвите брзи пралини од бела чоколада, полнети со Нутела и додадок Орео колачиња? Овој рецепт стана вистински хит на социјалните мрежи.
Овие пралини можат да ги подготват и почетници во кујна, а брзо ќе ви станат меѓу омилените десерти што можете да ги подготвите по дома.
-->
Од коментарите на социјалните мрежи има и такви што се обиделе да користат црна чоколада, наместо бела, а речиси сите велат дека ова е рецепт што дефинитивно мора да се проба.
Потребни состојки:
- 300g бела чоколада;
- 3 Oрео колачиња;
- 8 мали лажички Нутела;
Начин на подготовка:
- Белата чоколада се крши на ситни коцкички и се става во сад да се стопи во микровална, или ако немате микровална можете да ја стопите на пареа;
- Орео колачињата се ставаат во ќеса за замрзнување и со сукало се удираат за да се иситнат (или може да ги исечкате рачно);
- Во калап за мафини се распоредуваат 8 поголеми кошнички за мафини;
- Во секоја кошничка се става по една голема лажица стопена бела чоколада, се ставаат изронети Орео колачиња и по една мала лажичка Нутела;
- По ова остатокот од бела чоколада се распоредува одозгоре во сите кошнички рамномерно и се декорира со трошки од Орео колачиња;
- Готовите мафини се ставаат во ладилник да се стврднат околу 1 час.
Видео упатство:
@fitwaffle 3-ingredient Nutella stuffed Oreo cups #oreo #nutella #chocolate #foodtiktok #asmr ♬ Sunroof - Nicky Youre & dazy
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос
Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти
Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
-->