Хит рецепт за мезе: Зачинети ребра од пченка со сочен сос
-->
На социјалните мрежи масовно се споделуваат рецепти за здрава брза храна, што можете и сами да ја подготвите, а зачинетите „ребра“ од пченка се меѓу најпопуларните.
Пченката вообичаено ја јадеме варена, или потпечена, а овој рецепт ќе им се допадне на сите што сакаат да пробаат нешто ново и необично, а притоа да не се мачат со класјето.
-->
Со оглед на тоа што парчињата пченка помалку се завиткуваат за време на печењето и наликуваат на печени ребра, јасно е од каде доаѓа името на рецептот, а истиот за кратко време стана вистински хит на ТикТок.
Потребни состојки:
За пченката:
- 3 големи класа пченка;
- 2 големи лажици масло;
- 1 голема лажица кафеав шеќер;
- 1 голема лажица црвен пипер;
- ½ мала лажичка лук во прав;
- прстофат сол;
- мелен црн бибер (по вкус).
За сосот:
- 4 големи лажици мајонез;
- 200g сос за скара;
- 2 големи лажици сенф;
- 1 лажица мед.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 220 степени Целзиусови и во меѓувреме еден поголем плех се обложува со хартија за печење;
- Во помал сад се мешаат кафеавиот шеќер, црвениот пипер, лукот во прав, сол и црн бибер и мешавината од зачини се осава настрана;
- Со остар нож секој клас пченка прво се сече на половина по должина, а потоа на четвртини;
- Секое парче пченка се премачкува со масло и се зачинува со мешавината од зачини и се става на претходно подготвениот плех;
- Зачинетата пченка се пече на температура од 220 степени Целзиусови околу 18 до 20 минути или додека да добие убава златно кафена боја, а парчињата се свиткани и наликуваат на потпечени ребра;
- Додека се пече пченката се подготвува сосот. Во мал сад се мешаат мајонез, сос за скара, сенф и мед додека не се добие изедначена смеса;
- Кога пченката ќе се извади од рерна, потребно е веднаш да се премачка со малку сос, а може да се сервира со зеленило.
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Сочно пилешко во сос од сенф и кари
Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг
Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење)
Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...