Домашна лисната штрудла со фил од чоколаден крем и црвено овошје

Крцкава, лисната штрудла полнета со топол, чоколаден и овошен фил – звучи примамливо за претстојните есенски денови нели? Се прави за 20 минути. 

domashna-lisnata-shtrudla-so-fil-od-chokoladen-krem-i-crveno-ovoshje-01.jpg

Оваа пита-штрудла од лиснато тесто наликува на печиво од највкусната пекара, а може да си ја подготвите сами дома.

Се прави со готово лиснато тесто и готова е за 20 минути, а вкусот е неодолив.

Потребни состојки (за едно парче):

  • Готово лиснато тесто
  • Јагоди или друго црвено овошје (одмрзнато)
  • Чоколаден крем со лешник
  • Парчиња бадем
  • Јајце за премачкување
  • Шеќер во прав

Начин на подготовка:

  • Отворете го тестото во правоаголник и намачкајте го кремот на средина, а одозгора ставете парчиња овошје.
  • Двата странични дела потсечете ги во дијагонални ленти и превртете ги наизменично од двете страни врз филот (постапката погледнете ја во видеото).
  • Ставете го парчето врз хартија за печење и премачкајте со изматена жолчка од јајце, а одозгора наросете парчиња бадем.
  • Печете на 180 Целизиусови степени 15 минути.
  • Наросете со шеќер во прав и послужете.

View this post on Instagram

A post shared by Cookist (@cookist)

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Направете сами: Крцкава пита со чоколаден крем и ф’стаци Чоколадо и ф’стак се навистина совршена комбинација. Затоа, подгответе ја оваа б...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Рецепт за торта со јагоди и крем без печење Ви се јаде нешто слатко, сочно и кремасто, а не сакате да печете? Пробајте ја ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg