Домашни брауни колачиња од кои тече чоколадо и путер од кикиритки
-->
Највкусните чоколадни коцки, однадвор крцкави, а однатре со растопено чоколадо и путер од кикиритки. Се топат во уста и секогаш ќе сакате парче плус.
Овој рецепт ќе го сакаат сите љубители на колачи од типот на топло-ладно. Однадвор крцкави, а однатре меки како душа, се топат во уста.
-->
Потребни состојки:
- 500g путер од кикиритки
- 420g темно чоколадо
- 300g путер, стопен
- 5 јајца
- 1 лажица екстракт со ванила
- 500g шеќер
- 1 прашок за печиво
- 70g брашно
- 75g какао
Начин на подготовка:
- Ставете го путерот од кикиритки 3 минути во микробранова и потоа истурете го во калапи за мафини.
- Калапите со путер од кикиритки ставете ги во замрзнувач 2 часа.
- Исечкајте го чоколадото и врз него истурете го стопениот путер. Измешајте додека смесата не се соедини.
- Ставете ги јајцата во посебен сад, додадете екстракт од ванила и шеќер и измиксирајте ја смесата.
- Во смесата со јајца додадете го чоколадниот фил и измешајте.
- Додадете ги прашокот за печиво, брашното и какаото и измешајте додека да добиете мазна смеса.
- Истурете дел од чоколадната смеса во плех на хартија за печење и размачкајте ја.
- Врз неа распоредете ги мафините од путер од кикиритки, а одозгора премачкајте со преостанатото од чоколадната смеса.
- Печете 30 минути на 180 степени Целзиусови и послужете исечено на коцки.
M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Здрава ресана торта, подготвена во блендер
Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече
Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...
За љубители на кафе: Браунис колачиња што се топат во уста
Браунис колачиња со вкус на еспресо - има ли подобар десерт за љубителите на чок...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер
Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...
Рецепт за путер колачиња со рум од кои ќе замириса целиот дом
Денес ви прикажуваме еден супер лесен рецепт за путер колачиња со рум.
Лесен ...