Брз појадок за гурмани: Тортиља со пржени јајца, сланина и намаз од авокадо

Доколку сте од оние што сакаат калоричен и хранлив појадок наутро, тогаш сигурно овој рецепт ќе ви се допадне. Брзо се подготвува, а можете да го спакувате и да го понесете на работа.

brz-pojadok-za-gurmani-tortilja-so-przheni-jajca-slanina-i-namaz-od-avokado-01.jpg

Иако се мошне популарни здравите појадоци, сепак сите понекогаш сакаме да уживаме во калоричен појадок со сланина и јајца, а овие тортиљи брзо ќе ви станат меѓу омилените.

Се подготвуваат за 15-тина минути, а ќе бидете најадени подолг период од денот.

Мора да напоменеме дека состојките што ги приложуваме се за една тортиља, така што за секоја наредна ќе треба да подготвите дополнителни состојки.

Потребни состојки:

  • 1 јајце;
  • Половина авокадо (испасирано со виљушка);
  • Рендан чедар (Мили друг кашкавал);
  • 3 тенки парчиња сланина;
  • Сол и бибер по вкус;
  • 1 лажица несолен путер;
  • 1 тортиља.

brz-pojadok-za-gurmani-tortilja-so-przheni-jajca-slanina-i-namaz-od-avokado-02.jpg

Начин на подготовка:

  • Парчињата сланина се пржат во тавче или во апарат за готвење со топол воздух;
  • Јајцето се меша во сад и му се додава сол и бибер по вкус и се пржи како кајгана;
  • Во сад се пасира половина авокадо и му се додава сол и бибер по вкус;
  • Со нож се засекува делот помеѓу две четвртини најдолу на тортиљата и секоја четвртина се филува со различна состојка – по следниот распоред (во правец на стрелките на часовникот) рендан кашкавал, намаз од авокадо, пржена сланина и јајце;

    brz-pojadok-za-gurmani-tortilja-so-przheni-jajca-slanina-i-namaz-od-avokado-03.jpg

  • Тортиљата се превиткува од првата четвртина со јајцето, кон втората со сланината, па потоа уште еднаш врз намазот со авокадо и на крај врз ренданиот кашкавал;
  • Се става во тавче со растопен путер и се потпекува од двете страни.

    Breakfast-Wrap-2-728x485.png

brz-pojadok-za-gurmani-tortilja-so-przheni-jajca-slanina-i-namaz-od-avokado-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате) Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Лесен рецепт за брза вечера: Пита од тортиљи со растопен кашкавал и шунка Мека пита со парченца шунка и растопен кашкавал, без месење, тегнење и чекање......
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg