Рецепт за турско лепче со зачини, меко како душа – се топи во уста и одговара со секое мезе

Дали и вие сте од тие на кои мезе во кафеана не им проаѓа без лепиња на скара? Ако да, мора да го пробате овој рецепт за лепче меко како душа, кое не се пече.

recept-za-tursko-lepche-so-zachini-meko-kako-dusha-se-topi-vo-usta-i-odgovara-so-sekoe-meze-01.jpg

Доволно е само да го погледнете видеото за веднаш да огладнете и да посакате да го вкусите ова превкусно турско лепче.

За овој рецепт не е потребно печење во рерна, се прави во тава, отпосле се зачинува и подготвено е да се стопи во уста.

Потребни состојки:

  • 500g брашно
  • 150ml топло млеко
  • 150ml топла вода
  • 1 лажица сол
  • 7g сув квасец
  • 3 лажици маслиново масло
  • Сечкан магдонос и буковец

Начин на подготовка:

  • Во сад истурете ги брашното, солта и сувиот квасец, па додадете ги топлата вода и млеко и измешајте.
  • Додадете го маслиновото масло и замесете го тестото, а потоа додадете уште малку масло заа да го навлажните и измазните тестото и оставете да отстои покриено 1 час за да се подигне.
  • Поделете го тестото на 6 триаголници и од секој од нив формирајте топче со раце.
  • Наросете го секое топче со брашно, размесете ги со сукало во кружна форма како мекица и ставете ги да се готват на нелеплива тава 5-6 минути.
  • Премачкајте го лепчето со масло и наросете магдонос и буковец или чили парчиња.

Деталната постапка за месењето погледнете ја во видеото:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg