Како се подготвува грчката салата по традиционален рецепт?
-->
Иако многумина сметаат дека во салата со домати не се додава оцет, традиционалната грчка салата се подготвува со вински оцет. Како да ја подготвите сами?
Грчка или шопска? Велат дека двете салати се многу слични, но сепак има некои разлики, а најзабележителна е сирењето - во едната е рендано, во другата на парчиња.
-->
Како да подготвите грчка салата по традиционален рецепт?
Потребни состојки:
- 2-3 зрели домати;
- 1 краставица;
- ½ кромид;
- ½ зелена пиперка (бабура);
- 5-6 црни каламата маслинки;
- 1 парче фета сирење;
- Суво оригано;
- Вински оцет;
- Сол.
Начин на подготовка:
- Доматите се сечат на крупни парчиња (но, не на коцки);
- Краставицата се лупи и се сече на подебели кругчиња што потоа се делат на половина или не мора;
- Кромидот и зелената пиперка се сечкаат на кругови;
- Во длабок сад се ставаат доматите и краставиците и се мешаат, па се додава исечканиот кромид и пиперка;
- Се додаваат маслинки и се зачинува со сол и оригано и се додава маслиново масло и вински оцет (во размер 2:1, не треба да штедите на маслиново масло, но салатата не треба да плива во него);
- На врвот се додава парче фета што се прелева со маслиново масло и се зачинува со оригано.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти
Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
-->
-->