Брза ужинка за цела недела: Солени мафини со кашкавал, сувомеснато и зеленчук

По напорниот ден, најмалку што сакате е да заглавите во кујна? Вистинско време е за брз рецепт, кој ќе ви одземе скромни 20 минути, а ќе стане главен дел од вашето мени. Следете ги чекорите и уживајте во вкусот!

brza-uzhinka-soleni-mafini-so-kashkaval-suvomesnato-i-zelenchuk-01.jpg

Идеален рецепт за совршен пикник, ненајавени гости, дружба со пријателите. Потребна е само малку инспирација и ништо повеќе. Создадете брзи мафини кои со сигурност ќе им се допаднат на сите.

Придржувајте се до главните состојки со цел да имате успешна подготовка на мафините. Во однос на вкусот можете да одлучете сами што ќе ставите.

Може да додадете повеќе зачини (кари или рузмарин), или пак свеж спанаќ или песто... Нашето поднебје изобилува со вкусен зеленчук, така што, искористете ги убавините на природата и создадете ваше вкусно ремек дело.

Потребни состојки:

  • 3 јајца;
  • 2 шолји брашно;
  • ½ шолја масло за јадење;
  • 1 прашок за печиво;
  • Вегета и бибер;
  • 200g сирење;
  • 100g кашакавал;
  • 70g сувомеснато;
  • Свежа пиперка или млад кромид (по избор).

Начин на подоготовка:

  • Рерната се загрева на температура од 200 степени Целзиусови:
  • Јајцата се матат во длабок сад заедно со јогуртот и маслото за јадење;
  • Се додава вегета, сол и бибер, а потоа се додаваат брашното, прашокот за печиво и сите состојки се мешаат со жица;
  • Во смесата се додава исечкан кашкавал, исечкан сувомеснат производ, пиперка или млад кромид и се додава издробено сирење и се меша додека не се добие изедначена смеса;
  • Калапот за мафини се премачкува со путер;
  • Смесата за мафини се става во калапите, а секој мафин се наросува со сусам и ленено семе;
  • Мафините се печат во загреана рерна на температура од 200 степени Целзиусови околу 20 минути.

brza-uzhinka-soleni-mafini-so-kashkaval-suvomesnato-i-zelenchuk-02.jpg.jpg

М.У.Т | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg