Оригинален грчки рецепт за цацики сос – по што се разликува од македонскиот таратур? (видео)
-->
Салатата со краставички, лук и кисело млеко кај нас се нарекува таратур, а во Грција цацики сосот е омилено мезе за време на летните горештини. Како се подготвува оваа крем-салата/сос според автентичниот грчки рецепт и во што се разликува од нашата традиционална крем-салата?
Состојките за цацики сосот се речиси идентични со оние за таратур, но тајната е во начинот на подготовка.
-->
Потребни состојки:
- 1 поголема краставица (изрендана или ситно исечкана);
- ½ голема лажица сол (за краставицата);
- 500ml грчки јогурт;
- 3-4 чешниња лук (изрендани);
- 1,5 голема лажица сок од лимон;
- 50g ситно исечкан свеж копар;
- 3 големи лажици маслиново масло;
- ¼ голема лажица сол (за смесата);
- црн бибер (по вкус).
Начин на подготовка:
- Излупената и изрендана (или ситно исечкана краставица) се посолува со половина лажица сол и се процедува со помош на газа или со цедалка;
- Во подлабок сад се мешаат грчкиот јогурт, сокот од лимон, изренданиот лук, исечканиот копар, маслиновото масло, солта и биберот и се додава процедената краставица;
- Сите состојки се мешаат, садот се прекрива и се остава во ладилник да стои околу 1 час.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос
Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
-->
-->