Слатко, кремасто и меко – пудинг колаче кое ќе го обожавате
-->
Совршена, кремаста, чоколадна текстура и сладок вкус кој ќе го обожавате. Никој нема да може да му одолее на овој рецепт, совршен за летниот временски период, бидејќи е лесен и вкусен.
Подгответе го уште денес и бидете спремни да видите испразнета тепсија за многу кратко време.
-->
Потребни состојки:
За кората
Ова се количините на состојки за еден слој на кора, вам ќе ви бидат потребни две исти кори.
*Наместо да направите две исти кори, можете едната да ја преполовите, доколку не е премногу тенка.
- 6 јајца
- 110g шеќер
- 5 лажички какао во прав
- 100g меко брашно
- 1 прашок за печиво
- 150ml млеко
- 150ml масло
- 2 реда темно чоколадо
За чоколадниот крем пудинг
- 850ml млеко
- 2 пакетчиња прашок за пудинг со вкус на чоколадо
- 90g шеќер
- 100g млечна чоколада
За крем пудингот од ванила
- 850ml млеко
- 2 пакетчиња прашок за пудинг со вкус на ванила
- 90g шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 125g путер
Начин на подготовка:
- Одвојте ги белките од жолчките. Во белките додадете прстофат сол и измешајте ги во цврст пенест снег.
- Во друг сад, изматете ги жолчките со шеќерот. Додадете какао, кратко измешајте, па додајте млеко и масло. Потоа додадете брашно и прашок за печиво и сè лесно измешајте. Додадете 2 реда стопено чоколадо.
- Помешајте ја подготвената смеса со првичната подготвена од белки.
- Смесата истурете ја во подмачкан и набрашнет калап за печење (25 × 35 cm) и печете 15-20 минути на температура од 180 C. Проверете ја со чепкалка додека добро не се испече тестото.
- Двата крема се подготвуваат според упатството на ќесичките, со тоа што ќе ги додадете наведените состојки од рецептот дополнително во нив. Чоколадниот крем се подготвува на истиот начин како и кремот од ванила, само во првиот (кремот од чоколадо) се додава кршено млечно чоколадо, а во вториот (кремот од ванила) путер и ванилин шеќер.
- Врз првата кора прелијте го прво чоколадниот крем. Оставете малку да се стегне (неколку минути) па додадете го врелиот крем од ванила. На крајот додадете ја втората кора.
- Може да го прелиете колачот со чоколаден прелив по желба. Пред сервирање, изладете го колачот прво на собна температура, а потоа во фрижидер.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер
Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза
Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
-->
-->