5 брзи (и здрави) појадоци за оние кои секогаш се во трчање
Добриот појадок е мотивација на денот и дефинитивно заслужува да биде подготвен со љубов и внимание. Неколку предлози за појадок кој ќе ве разбуди брзо и за кој телото ќе ви благодари...
Велат дека добриот ден започнува со добар појадок, се согласувате ли?
Јас дефинитивно да! Особено кога станува збор за работните денови, тогаш имам потреба што поскоро да го расонам мозокот и полна со енергија да се посветам на работните обврски.
Се трудам појадокот да го приготвам дома, иако понекогаш се случува со некои поедноставни рецепти, тоа да го направам на работното место.
Знам дека за да имам продуктивен ден потребен ми е на самиот старт од денот здрав оброк, кој се приготвува брзо и лесно. Најважно е да содржи состојки за кои моето тело ќе ми благодари.
Неколку одлични рецепти:
Смути „Green monster“
Овесна каша со шумско овошје и бадеми + Boom Box овесен пијалак со бадеми + спанаќ + киви + малини за декорација
Потребни состојки:
- 1/3 ќесичка Boom Box овесна каша со шумско овошје и бадеми
- 300ml овесен пијалак со бадеми, добро разладен
- Една шака бејби спанаќ
- 1 киви
- Малини за декорација
Начин на подготовка:
- Сите состојки добро изблендирајте ги во смути пијалак.
- При сервирањето може да додадете коцка мраз и да декорирате со малини.
Ова е ужинка која ќе ве држи сити, енергични и силни со часови.
Пина Колада
Овесен пијалак со кокос + ананас
Потребни состојки:
- 250ml Boom Box овесен пијалак со кокос
- 2 крукчиња ананас (или половина шолја коцки ананас)
- 1 кафена лажичка кокосови снегулки (или кокосово брашно)
- 3 коцки мраз
Начин на подготовка:
- Промешајте ги убаво состојките.
- Сервирајте во висока чаша на столче и украсете со парче ананас.
Кул ароматична овесна каша
Овесна каша со јагоди и чиа семе + овесен пијалак + цимет, ванила и кардамом
Потребни состојки:
- 1 ќесичка Boom Box овесна каша со јагоди и чиа семе
- 150ml Boom Box овесен пијалак
- ½ лажичка цимет
- ½ лажица екстракт од ванила
- 1/3 кафена лажичка мелен кардамом
Начин на подготовка:
- Овесниот пијалак загрејте го и во топлата течност додадете цимет, ванила и кардамом.
- Добро промешајте ја смесата за зачините да се стопат.
- Овесната каша со јагоди и чиа семе пригответе ја според упатството на производот, односно изблендирајте со претходно подготвениот овесен пијалак.
За стресните денови лесната овесна каша со зачините комплетно ќе ве опушти.
Колачи „Wake up golden cookies“
Овесни колачи + овесен пијалак од лешник + куркума + чили
Потребни состојки:
- ½ ќесичка Boom Box овесни колачи со брусница
- 150ml Boom Box овесен пијалак со лешник
- 1 кафена лажичка куркума
- Малку чили
Начин на подготовка:
- Загрејте го овесниот пијалак со лешник.
- Додадете чили и куркума и добро промешајте.
- Колачите прелијте ги со добиеното златно млеко.
Овој рецепт е одличен начин за будење на телото и умот.
Грчки јогурт со овошје, јатки и гранола
Овесна гранола + овошје + грчки јогурт
Потребни состојки:
- 150 грама грчки јогурт
- 100 грама ситно овошје, како малини и боровинки
- 30 грама јаткасти плодови по желба
- Гранола
Начин на подготовка:
- Само измешајте ги сите состојки.
- Најважно за да имате повеќе енергија е да додадете крцкава гранола. Може да додадете од гранолата на Boom Box и тоа со шумско овошје, со чоколадо или со јаткасти плодови.
Сите производи на Boom Box погледнете ги на ТУКА.
С. С. | Црнобело