Ќе барате уште едно парче: Редена сладолед торта со бисквити потопени во кафе (или какао)
-->
Оваа брза сладолед тортичка ќе ви стане омилен брз рецепт за десерт ова лето. Не треба да ја печете, само ги редите бисквитите и ја замрзнувате.
Доколку сакате да подготвите брз десерт овој рецепт ќе ви се допадне. Доколку не сакате да ги потопувате бисквитите во кафе, можете да користите какао.
-->
Погледнете во продолжение како да ја подготвите.
Потребни состојки:
- 150g плазма бисквити;
- 200ml слатка павлака;
- 100g шеќер;
- 250g маскарпоне сирење;
- 100ml инстант кафе (или какао) + кафе за потопување на бисквитите.
Начин на подготовка:
- Прво се подготвува инстант кафето и се остава да се олади;
- Во длабок сад се става студена слатка павлака и 50g шеќер и се мати со миксер додека не се добие цврста шлаг пена;
- Во друг сад се става маскарпоне сирење, еден филџан филтер кафе и 50g шеќер и се меша со шпатула, а потоа се мати со миксер додека не се добие изедначена смеса;
- Се додава готовата шлаг пена ифилот се меша со лажица додека целосно не се изедначи;
- Се обложува еден подлабок сад со фолија;
- Бисквитите се потопуваат со кафе и се редат на чинијата, па се додава еден ред од филот;
- На средината се прави еден ред со потопени бисквити во кафе, па се премачкува остатокот од филот;
- За крај се редат преостанатите потопени бисквити;
- Тортата се покрива со фолија и се остава во замрзнувач неколку часа.
Видео упатство:
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Брз ролат со плазма и овошје (без печење)
Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...