„Секси девојка“ – Салатата што стана хит ова лето затоа што брзо ги топи килограмите
„Ослабев околу 9 килограми затоа што секој ден ја јадев оваа салата“ – открива корисничката што прва го објави видеото за салатата „Секси девојка“ која стана хит на социјалните мрежи.
Социјалните мрежи се местата каде што најбрзо и вирално се шират новите трендови и рецепти, а пред почетокот на летната сезона сите се загрежени за телесниот изглед па воопшто не е чудно што оваа салата стана вистински хит.
Лесна е за правење, а корисничката што прва го објави рецептот тврди дека со неа успеала да ослаби 9 килограми и дека ја консумира секојпат кога чувствува дека има потреба од слабеење.
Потребни состојки:
За салата:
- 140g краставици (ситно исечкани);
- 150g пиперки (исечкани);
- 30g црвен кромид (ситно исечкан);
- 10g лути пиперчиња (ситно исечкани);
- 35g лупен сончоглед;
- 1 варено јајце.
За прелив:
- 3 големи лажици маслиново масло;
- 1 лажица вински оцет;
- Сок од 1-2 лимони;
- 2 чешниња лук;
- 1 супена лажичка јаворов сируп;
- ¼ лажичка буковец;
- ¼ лажичка црвен пипер;
- ¼ лажичка црн бибер;
- Сол (по вкус).
Начин на подготовка:
- Во подлабок сад се подготвува преливот за салата. Се мешаат маслиновото масло, оцетот, сокот од лимон, јаворовиот сируп, изгмечен лук, буковец, црвен пипер, црн бибер и сол и подготвениот прелив се остава настрана;
- Се сечка свареното јајце (кое треба да се вари околу 16 минути во зовриена вода);
- Црвениот кромид се сечка и се остава во сад со ладна вода да стои додека го сечкате останатиот зеленчук;
- Во длабок сад се става исечканиот зеленчук, па се додаваат сончогледот, исечканото јајце и процедениот кромид;
- Салатата се прелева со подготвениот прелив.
Погледнете го видеото:
@herdresscode Summer time fine #fyp #foryourpage #lifestyleblogger #fashionblogger #selfcareroutine #foodtiktok #weightloss #foodblogger #dinnerrecipes #spring ♬ Fallin' in a Garden - LLusion
Б. С. Б. | Црнобело