Рецепт за чоколадна „чизкејк“ торта - прсти да излижете

Станува збор за евтина торта, што ќе ја подготвите мошне брзо, а ќе ви бидат потребни само 4 состојки.

brza-chokoladna-chizkejk-torta-so-biskviti-i-ushte-3-sostojki-01.jpg

Комбинацијата од крем сирење и еурокрем е посебна и ќе мора да ја пробате за да се уверите.

Најдоброто кај оваа торта е што не се пече, лесна е за подготовка, а состојките што ви се потребни ги купувате готови.

Погледнете како да направите брз чоколаден „чизкејк“ без да останете цел ден во кујна.  

Потребни состојки:

За кора:

  • 500 g крем сирење
  • 250 g мелени плазма бисквити

За фил:

  • 400 g чоколаден крем
  • 100g путер

Начин на подготовка:

  • Путерот се топи на пареа заедно со една лажица еурокрем;
  • Мелените бисквити се прелеваат со оваа смеса и се оставаат во ладилник;
  • Остатокот од еурокремот во длабок сад со миксер се меша со крем сирењето додека не се добие изедначена смеса;
  • Добиениот фил се остава во ладилник да стои 30 минути;
  • Филот за кората се вади од ладилник и се распоредува во калап за торта;
  • Со чаша бисквитите се притискаат за да се добие рамна кора;
  • Врз неа се реди филот од еурокрем и крем сирење и рамномерно се распоредува;
  • Можете да ја декорирате со сечкани или мелени ореви, кокос или други јаткасти плодови по желба;
  • Откако е готова тортата се враќа во ладилник уште 15 до 20 минути.

brza-chokoladna-chizkejk-torta-so-biskviti-i-ushte-3-sostojki-02.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате) Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Мрсна торта со вкус на тиква – домот ќе ви мириса како кај баба на гости Традиционалните мрсни торти секогаш ни будат доза носталгија од деновите поминат...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg