Освежителни коцки со лимон и боровинки – совршен летен десерт
-->
Слатки и по малку киселкасти, овие освежителни коцки се одлични за десерт или како закуска кога сте во движење.
Плус, една од состојките е омилената суперхрана и еден од најдобрите антиоксиданти за телото и умот: боровинките.
-->
Потребни состојки:
- 1 + ¼ шолја бисквити, ситно сомелени
- 4 лажици стопен, солен путер
- 1 лажица кафеав (или обичен) шеќер
- Рендана кора од 1 лимон
- 400 ml кондензирано млеко
- ½ шолја сок од лимон
- 1 големо јајце
- 1 шолја свежи боровинки
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 175 степени. Премачкајте правоаголно тавче за печење со малку масло и поставете хартија за печење.
- Во подлабок сад измешајте ги сомелените бисквити заедно со путерот, шеќерот и половина од ренданата кора од лимонот. Цврсто и рамномерно натапкајте ја смесата во подготвената тава.
- Печете додека не порумени малку околу рабовите, околу 10 минути. Оставете ја смесата да се излади во тавата на решетката во рерна најмалку 10 минути.
- Во меѓувреме, темелно изматете го кондензираното млеко заедно со сокот од лимон, јајцето и преостанатата кора од лимон во подлабок сад. Додадете ги боровинките.
- Рамномерно прелијте го филот врз испечената кора. Печете додека колачот добро не се стегне, 16 до 18 минути. Оставете да се излади на собна температура 1 час.
- Покријте го и ставете го во фрижидерот уште најмалку 1 час. Исечете на коцки и уживајте во вкусот.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат
Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење)
Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...