3 освежителни, малку поинакви салати со краставица кои вреди да ги пробате
-->
Сезоната на краставици ја прогласуваме за отворена. Всушност, краставиците ни се достапни во текот на целата година, но ништо не може да се спореди со вкусот во текот на летниот период кога се најсвежи.
Покрај омилената шопска салата која не може да се замисли без краставица, како и најобичната, а сепак толку вкусна салата од краставица и оцет, ви нудиме уште 3, по малку необични, но вкусни рецепти со краставици кои вреди да ги испробате:
-->
Крем салата со краставица, ореви, лук и свежо нане
Потребни состојки:
- 2 големи краставици
- 1 црвен кромид
- 2 чешниња лук
- 1 кисело млеко од 250 ml
- 100 gr ореви
- Ливчиња свежо нане (по желба)
- Зачини по желба – сол, бибер, копар
- Малку маслиново масло
Начин на подготовка:
- Исечкајте ги краставиците, откако претходно добро сте ги измиле. Исечкајте го кромидот, како и лукчето на ситни парчиња.
- Во подлабок сад измешајте ги сите состојки, заедно со зачините и маслиновото масло. На крајот може да додадете и свежо нане, по вкус.
Луто зачинета азиска салата со краставица
Потребни состојки:
- 6 мали краставички или 2 поголеми
- Сол, за да ја „извадите“ водата од краставиците
За сосот:
- Соја сос
- 2 чешниња лук
- Оризов оцет
- Масло со чили (може да измешате малку лут буковец во масло како замена)
- Прстофат шеќер
- Сусам
- Млад кромид
Начин на подготовка:
- Исечкајте ги краставиците на тркалца и добро посолете ги. Оставете ги 10 минути додека солта не ја „извади“ водата од нив, а потоа добро исцедете ги.
- Во подлабок сад, измешајте ги сите наведени состојки за сосот, откако претходно ситно сте го исечкале младото кромитче.
- Добро измешајте го подготвениот сос со сечканите краставици.
Освежителна салата со јаболка и краставици
Потребни состојки:
- 1 големо јаболко
- 1 голема краставица
- Свеж копар
- Крем балсамиран оцет
- ½ свеж цеден лимон
- Сол и бибер, по вкус
Начин на подготовка:
- Измијте го јаболкото и краставицата и исечкајте ги на коцки.
- Додадете балсамиран оцет, но внимавајте да биде кремаст, а потоа и цеден лимон. Зачинете по вкус и додадете исечкан свеж копар, по желба.
(О)Милена | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг
Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
-->