5-дневно мени: Едноставни рецепти за хранлив и вкусен ручек, ако живеете сами

Супа со њоки

Потребни состојки:

  • ½ кромид, исечкан
  • 1 чешне лук, исечкано
  • 200 грама исечкани домати
  • ½ коцка за супа
  • Околу една рака њоки (колку за една порција)
  • Малку хопла или павлака (околу 1 лажица)
  • Маслиново масло
  • Сол и бибер

Начин на подготовка

  • Запржете го кромидот со маслиново масло, сол и бибер. Додајте го лукот и пржете уште неколку минути.
  • Додајте ги доматите и околу 250 милилитри вода, па додајте ја и коцката за супа. Варете 10-тина минути – ако супата изгледа премногу густа, можете да додадете уште малку вода. Ако сте додале многу вода, варете подолго време за да испари.
  • Ставете ја мешавината со супата во блендер и изблендирајте.
  • Вратете ја блендираната супа во тенџерето, додајте ги њоките и гответе 3-5 минути, додека да се сварат.
  • На крај ставете ја супата во чинија и додајте малку хопла или павлака.

ednostavni-recepti-za-hranliv-i-vkusen-ruchek-za-eden-05.jpg

Лесен сендвич со наут

Потребни состојки:

  • 100 грама наут од конзерва
  • 1 лажичка ким во прав
  • Малку свеж исечкан коријандер
  • 1 пита лепче, потпечено на тостер или во рерна
  • Малку марула, кромид и домати (можете да искористите и друг зеленчук по ваш вкус)
  • 1 лажица хумус
  • Маслиново масло
  • Сол и бибер

Начин на подготовка

  • Загрејте ја рерната на 180 степени.
  • Ставете го наутот во тава за печење, ставете маслиново масло и зачинете со сол, бибер и ким.
  • Печете 20-тина минути, извадете ја тавата од рерна, додајте го коријандерот и измешајте.
  • Пресечете го пита лепчето на два дела и наполнете ги двете половини со смесата со наут, зеленчукот и хумусот.

ednostavni-recepti-za-hranliv-i-vkusen-ruchek-za-eden-04.jpg

Полнети печурки со праз

Потребни состојки:

  • Малку рендан чедар кашкавал
  • Свежи шампињони (бројот ќе зависи од нивната големина – 2-3 поголеми или 5-6 мали)
  • Малку издробен леб (може да искористите и засушен)
  • Малку хопла
  • Неколку кругови праз
  • Маслиново масло
  • Малку рукола
  • Сол и бибер

Начин на подготовка

  • Загрејте ја рерната на 18 степени.
  • Во сад ставете го ренданиот чедар кашкавал и добро измешајте го со хоплата.
  • Наредете ги печурките на тава за печење и ставете малку маслиново масло врз нив. Додајте ја смесата со кашкавал и хопла, па додајте го и издробениот леб.
  • Наредете ги круговите праз на печурките, па ставете уште малку масло и бибер.
  • Печете околу 20 минути, односно додека печурките не се зготват.
  • Послужете со малку рукола.

ednostavni-recepti-za-hranliv-i-vkusen-ruchek-za-eden-03.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg