Посен рецепт без масло: Хумус од бел грав со зачини
-->
Традиционално за Велики Петок во многу семејства се јаде бел грав без масло, а ова е интересен рецепт за сите оние што сакаат да пробаат нешто малку поинакво од вообичаено. Без масло, со зачини по желба – хумусот од бел грав може да се консумира како макало или да го намачкате на парче двопек.
Најмногу време ќе потрошите на варење на гравот. Но, исто така можете да купите и сварен, конзервиран грав.
-->
Потребни состојки:
- 400g сварен грав;
- 2 големи лажици сусамов таан;
- Сок од 1 или 2 лимони;
- 1 чешне лук (изрендано);
- Хималајска сол (по вкус);
- Неколку лажици вода (за разредување на хумусот);
- Зачини по вкус (нане, босилек, буковец, сечкани перца од млад кромид).
Начин на подготовка:
- Сите состојки се ставаат во блендер и се ситнат додека не се добие изедначена смеса;
- Доколку хумусот излезе премногу густ се додава по една лажица вода, па се меша додека не се добие посакуваната густина.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите
Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос
Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
-->
-->