Брза пролетна торта со крем банани и бисквити – не се пече и готова е за 10 минути

За оваа торта ќе ви треба повеќе време за да ја изедете отколку за да ја подготвите. Се прави од едноставни состојки, а ќе имате вкусен десерт без да го поминете целиот ден во кујна.

brza-i-evtina-torta-so-krem-banani-i-biskviti-ne-se-peche-i-gotova-e-za-10-minuti-01.jpg

Сите имаме по некој рецепт за брза и едноставна торта, што сакаме да ја подготвуваме кога немаме премногу време, а веруваме дека овој брзо ќе дојде во вашата листа на омилени. 

Станува збор за евтина торта што се подготвува од готови состојки, не содржи јајца и брашно, а единствено ќе треба само да стопите чоколада за прелив.

Потребни состојки:

За тесто:

  • 300g бисквити;
  • 700g павлака (20% масленост);
  • 10 крем банани;
  • 1-2 лажици шеќер во прав;

За фил:

  • 150g бела или црна млечна чоколада;
  • 100ml слатка павлака.

Начин на подготовка:

  • Бисквитите се кршат и се ставаат во длабок сад.
  • Се додаваат исечкани крем банани, шеќер во прав и павлака.
  • Состојките убаво се мешаат, а потоа се префрлаат во калап за торта.
  • Во тенџере на рингла се загрева слатката павлака и пред да зоврие во неа се додава чоколадата.
  • Со подготвениот фил се прелева готовата торта и се декорира со крем банани.

Видео упатство:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за нудли со сусам и лук, совршен брз ручек за постите Гладни сте и сакате да јадете нешто топло, но да го подготвите набрзина? За овој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg