6 рецепти за освежителни пролетни салати кои заменуваат оброк (видео)

Компир салата со шери домати и растопен кашкавал

od-brokula-do-mlad-kompir-i-proleten-zelenchuk-5-recepti-za-osvezhitelni-proletni-salati-06.jpg

Потребни состојки:

  • 1 kg млади компири;
  • 2 чешниња лук (ситно исечкан);
  • 30g путер;
  • 2 големи лажици маслиново масло;
  • 1 мала лажичка сол, црн бибер и малку буковец;
  • 10 шери домати;
  • 2 големи лажици исечкан магдонос;
  • 2 големи лажици исечкан млад кромид;
  • 60g кашкавал;
  • 2 големи лажици сок од лимон.

Начин на подготовка:

  • Компирите се лупат и се варат додека не бидат во целост сварени.
  • Во подлабоко нелепливо тавче на средна температура се растопува малку путер, се додава маслиново масло, лук и зачини, па се додаваат и компирите.
  • Се додаваат исечкани шери домати, магдонос и млад кромид и сок од лимон и убаво се меша.
  • На крај се става малку рендан кашкавал и се затвора тавата со капак и се остава да отстои додека да се стопи кашкавалот.

Видео упатство:

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

A post shared by @harika_salatalar

Салата со брокула и пченка

od-brokula-do-mlad-kompir-i-proleten-zelenchuk-5-recepti-za-osvezhitelni-proletni-salati-07.jpg

Потребни состојки:

За салата:

  • ½ kg брокула;
  • 4-5 кисели краставички;
  • Варена пченка (еден филџан);
  • 2-3 млади кромиди;
  • 2 црвени пиперки печени
  • Копар
  • Магдонос

За прелив:

  • 2 чешниња лук;
  • 4 големи лажици маслиново масло;
  • 1 голема лажица сок од лимон
  • сол по вкус.

Начин на подготовка:

  • Брокулата се вари и се сечка на ситни цветчиња и се става во подлабок сад, па се додаваат киселите краставички, пченката, младиот кромид, исечкани црвени пиперки, копар и магдонос.
  • Во друг сад се мешаат состојките за преливот и салатата се прелева со добиената смеса и се меша.

Видео упатство:

Салата со маслинки

od-brokula-do-mlad-kompir-i-proleten-zelenchuk-5-recepti-za-osvezhitelni-proletni-salati-08.jpg

Потребни состојки:

За салата:

  • 1 чинија маслинки со пиперка (исечкани на кругчиња);
  • 2-3 страка млад кромид (исечкан);
  • 4-5 гранчиња магдонос (исечкан);
  • 1 голем домат исечкан;
  • 1 шака исечкани ореви.

За прелив:

  • 4-5 лажици маслиново масло;
  • 1 лажица сол;
  • 1 лажица црвен пипер;
  • Сок од 1 лимон

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад се мешаат исечканите маслинки, кромид, домат, магоднос и ореви.
  • Салатата се прелева со состојките за прелив и се меша.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg