6 рецепти за освежителни пролетни салати кои заменуваат оброк (видео)
Салата со сок од портокал, со маслинки, несекојдневна компир салата со растопен кашкавал и пролетен зеленчук. Изберете кој од овие рецепти најмногу ви се допаѓа.
Пазарите се преполни со пролетен зеленук, а по долгата и тешка зима сите со нетрпение очекуваме да подготвиме вкусна свежа салата.
На Инстаграм може да се најдат повеќе рецепти за вкусни пролетни салати што сигурно ќе ви се допаднат и ќе ви помогнат да внесете некој новитет на трпезата.
Избравме шест рецепти што може да ги изберете во зависност од главното јадење, но и од состојките што веќе ги имате дома.
Погледнете ги нашите пет предлози за освежителни пролетни салати:
Пролетна салата со сок од портокал
Потребни состојки:
За салата:
- 1 марула
- 1 врзоп рукола
- Варена пченка
- Рендан морков
За прелив:
- Сок од 1 портокал;
- Сок од половина лимон;
- Сол (по вкус).
Начин на подготовка:
- Марулата и руколата ситно се сечкаат за салата и се ставаат во подлабок сад.
- Се додава рендан морков и варена пченка.
- Во чаша се меша сокот од портокал, сокот од лимон и сол и салатата се прелева со мешавината.
Видео упатство:
Салата од шери домати со рукола и моцарела
Потребни состојки:
За салата:
- 500g шери домати
- 250g моцарела
- 100g рукола
За прелив:
- 50g песто сос
- 2 лажици оцет
- 50ml вода
- 1 лажичка сол
- Црн бибер (по вкус)
Начин на подготовка:
- Доматите се сечат на половина, а руколата се ситни со нож.
- Во длабок сад се ставаат доматите, руколата и моцарелата.
- Во друг сад се става песто сос, сол, црн бибер, вода и оцет и сите состојки се мешаат додека не се добие изедначен прелив.
- Салатата се прелева со подготвениот прелив и се меша.
Видео упатство:
Салата од цвекло и зелка
Потребни состојки:
За салата:
- ½ зелка ситно исечкана;
- 1 рендан морков;
- 1 рендано цвекло;
- 1 црвен кромид (ситно исечкан);
- магдонос.
За прелив:
- 2 лажици маслиново масло;
- Сок од 1 лимон,
- ситно исечкано чешне лук;
- 2 лажици балсамов оцет.
Начин на подготовка:
- Во длабок сад се става исечканата зелка, малку се посолува и се гмечи со рацете.
- Се додава изрендан морков, цвекло, исечкан кромид и магдонос.
- Во друг сад се мешаат состојките за прелив додека не се добие изедначена смеса.
- Салатата се прелева со подготвениот прелив и се меша.
Видео упатство: