Го регулираат холестеролот и топат килограми - 3 лесни рецепти за пролетна детоксикација

Доколку сте внеле многу нездрави материи во организмот во текот на зимскиот период, тогаш засукајте ги ракавите и подгответе здрава храна и пијалаци за брз детокс на телото, но и умот.

3-lesni-recepti-za-proletna-detoksikacija-na-organizmot-01.jpg

Сите намирници кои ја прават оваа салата здрава се богати со хранливи материи, а се препорачува со неа да ја замените вечерата.

Ако сакате, можете да направите и смути од состојките, а во секој случај, и двете опции се одличен начин да ги исфрлите токсините од телото и да му го дадете најдоброто од природата.

Потребни состојки:

  • 3 чаши рендана зелка
  • 1 чаша рендано цвекло
  • 1 чаша рендан морков
  • сок од половина лимон
  • маслиново масло по вкус
  • зачини по желба

Начин на подготовка:

Изрендајте ги зелката, цвеклото и морковот, измешајте сè, па зачинете со оригано, мајчина душица, сушено нане, магдонос, во зависност од тоа што најмногу ви се допаѓа, но без употреба на сол.

Потоа прелијте ја салатата со свеж сок од лимон и маслиново масло.

Јадете ја три дена наместо вечера.

3-lesni-recepti-za-proletna-detoksikacija-na-organizmot (3).jpg

Доколку на вашето тело му треба освежување, но и зајакнување на имунитетот, време е да подготвите пијалак кој ќе го освежи и ќе ја забрза неговата работа.

Потребни состојки:

  • 1 парче ѓумбир
  • половина лимон
  • лажица мед (по избор)

Начин на подготовка:

На оган се става прво еден литар вода за да зоврие. Кога водата ќе зоврие, изрендајте во неа парче ѓумбир од приближно 5 cm и намалете ја топлината во тој момент.

Истурете половина исцеден лимон во неа и варете уште 15-20 минути.

Потоа тргнете ја течноста од оган и оставете добро да се излади, а на крајот додадете мед по избор во неа.

Консумирајте го овој чај во текот на денот бидејќи тој е одличен за детоксикација на вашето тело и забрзување на метаболизмот.

3-lesni-recepti-za-proletna-detoksikacija-na-organizmot (1).jpg

„Саси водата“ го добила името по нутриционистката Синтија Саси, авторка на книгата „Диета за рамен стомак“, чиј главен совет за слабеење е – зголемен внес на вода во организмот.

Сепак, дури и водата може да биде уште поздрава и покорисна, со додавање на одредени намирници кои речиси немаат калории, но се богати со хранливи материи.

Ако се комбинира со здрава и урамнотежена исхрана, водата Саси може да ви помогне да изгубите до 3,5 килограми за една недела, а е одличен домашен лек за детоксикација.

Потребни состојки:

  • 2 литри вода на собна температура
  • 1 лимон
  • 1 краставица
  • 1 лажица рендан корен од ѓумбир
  • 12 листови нане (или една лажица суво)

Начин на подготовка:

Истурете ја водата во голема, стаклена тегла, а потоа додадете ја краставицата исечкана на тенки кругови.

Додадете го исечканиот лимон (со кората) и додадете го ренданиот корен од ѓумбир. На крајот, додадете 12 листови свежо или една лажица суво нане.

Оставете ја течноста да отстои преку ноќ и консумирајте ја во текот на следниот ден.

3-lesni-recepti-za-proletna-detoksikacija-na-organizmot (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
Крофни со боровинки и прелив од лимон, се топат во уста Овие крофни не се пржат, а остануваат меки и неколку дена (но сигурни сме дека ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg