Брз рецепт за Роше бомбици – идеален за почетници

Фереро Роше бомбиците секогаш се сметале за едни од најпосакуваните чоколатца, но и едни од најтешките за изведба во домашни услови.

brz-recept-za-roshe-bombici-idealen-za-pocetnici-001.jpg

Затоа, посебно ќе ве израдува откривањето на овој брз и лесен рецепт.

Потребни состојки:

  • 200g бисквити
  • 2 лажици чисто какао
  • 1 до 2 готови, мали пудинзи
  • Нутела
  • Киндер чоколатца
  • Искршени бадеми

Подготовка:

  • Сомелете ги бисквитите и помешајте ги со какаото. Во смесата додавајте ги пудинзите малку по малку, додека не добиете густа смеса.
  • Земете мал дел од смесата, формирајте бомбица и направете дупче во средина. Наполнете со малку Нутела.
  • Растопете околу 200g Киндер чоколатца и додадете ги исечканите бадеми.
  • Во ваквата мешавина извалкајте ги бомбиците и поставете на чинија. Добро оладете пред послужување.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg