Рецепт за пилешки шницли во кремаст сос од лимон

Никогаш не одбиваме пилешко месо, што значи дека секогаш сме во потрага по добри и вкусни рецепти кои го вклучуваат истото. Овојпат имаме одличен рецепт – похувани, пилешки шницли со малку вино и неодоливо вкусен и кремаст сос од лимон.

Pileshki-shnicli-vo-kremast-sos-od-limon-01.jpg

Направете го уште денес, нема да се покаете.

Потребни состојки:

  • 600g пилешко бело месо
  • 50ml масло
  • сок од еден лимон
  • 10g брашно
  • 100ml бело вино
  • 150ml павлака за готвење
  • 20g путер
  • Магдонос, сол, бибер
  • 1 лажица сув билен зачин

Начин на подготовка:

  • Исечете го месото на шницли, зачинете со билен зачин, сол и бибер и посипете ги малку со сокот од лимон. Вака подготвените шницли оставете ги малку да отстојат.
  • Потоа посипете ги со брашно и пржете ги на загреано масло. Кога ќе добијат убава светло кафеава боја, прелијте ги со виното и продолжете да ги динстувате.
  • Во подлабок сад, измешајте ја павлаката за готвење, додадете малку сок од лимон, бибер и додадете уште малку сув билен зачин. Убаво измешајте ги сите состојки и варете на тивок оган додека добро не се соедини, а кон крајот додадете го путерот во сосот.
  • Прелијте ги топлите пилешки шницли со сосот, наросете свеж магдонос и декорирајте со парчиња лимон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Сочно пилешко во сос од сенф и кари Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg