Посен десерт готов за 10 минути: Бомбици од урми со вкус на ванила (видео)
Овие бомбици се прават со само 6 состојки, а не содржат масло, глутен и шеќер. Вкусни се и посни. Дополнително, во кујната нема да настане хаос од садови, затоа што за нивна подготовка ви треба само процесор за храна.
Овие бомбици може да ги подготват и целосните почетници во кујната. За да го подготвите овој десерт ќе треба само сите состојки да ги ставите во процесор за храна и тоа е тоа – за 10-тина минути ќе имате вкусни бомбици.
Од една доза излегуваат околу 16 бомбици, така што ова истовремено е и совршен рецепт што може да го подготвите на брзина кога немате ништо благо дома или ако имате ненајавени гости.
Потребни состојки:
- 280g урми (без семка);
- 280g ореви;
- 120g бадемово брашно;
- 40g кокосово брашно;
- Прстофат морска сол;
- 2 големи лажици екстракт од ванила.
Начин на подготовка:
- Урмите без семка се ставаат во процесор за храна да се иситнат во целост додека не се формира мало топче. По ова урмите се тргаат од процесорот за храна и се ставаат настрана.
- Во процесорот за храна се ставаат ореви, бадемово брашно, кокосово брашно и прстофат сол. Сите состојки се блендираат додека не се добие полуизедначена смеса.
- Се додаваат урмите и екстрактот од ванила и повторно сите состојки се блендираат додека да се добие глатко тесто. Потребно е состојките да бидат само иситнети, а не да станат како пире.
- Од готовата смеса се земаат околу 2 лажици тесто и се обликуваат во бомбици.
- По желба бомбиците може да се извалкаат во кокос или да се остават како што се.
- Готовите бомбици се распоредуваат на плех обложен со хартија за печење.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело