За деновите кога не броиме калории: Богат и сочен чоко-колач со банани и путер од кикиритки

Се прави лесно, а целиот дом ќе ви мириса ароматично на ова вкусно колаче дури и неколку дена подоцна.

Bogat-sochen-choko-kolac-so-banani-01.jpg

Ќе си го грицкате со уживање и сласт заедно со шолја од омилениот топол напиток. Комбинацијата од банани, какао, чоколадо и путер од кикиритки го освојува непцето.

Направете го уште денес и заборавете на зборот диета и броењето калории.

Потребни состојки:

  • 3 зрели банани
  • 300 g просеано брашно
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • прстофат сол и малку цимет
  • 2 јајца
  • 80 g темно чоколадо
  • 100 g кафеав шеќер
  • 2 лажици какао
  • 100 g путер од кикиритки
  • 60 g масло
  • 100 g јогурт

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 180 степени. Калапот за колачот премачкајте го со путер и наросете брашно.
  • Изгмечете ги добро бананите. Растопете го чоколадото на пареа и измешајте го со какаото во прав.
  • Измешајте ги сувите состојки во еден сад, а во друг измешајте ги јајцата, додадете ги изгмечените банани, јогуртот и маслото. Комбинирајте ја оваа смеса со сувите состојки.
  • Смесата поделете ја на два дела, во едниот дел ставете го путерот од кикиритки, а во другиот дел чоколадото.
  • Наизменично ставајте малку од едната, па од другата смеса додека не ги потрошите двете. Печете 50 минути.
  • По желба, премачкајте го колачот со малку стопено чоколадо, готов карамел, малку шлаг и сечкани кикиритки или пак прелијте го со мазен путер од кикиритки.

View this post on Instagram

A post shared by Clare Margaret (@the_stress_baker)

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg