Домашни Twix чоколатца кои ги снемува за минута
-->
Спојот од бисквити, карамела и чоколадо - вкусот кој сите го сакаме од деца, сега може да си го направите кога и да посакате, во домашни услови.
Освен што десертот е прелесен за правење, судејќи по состојките, не се ни сомневаме дека ќе исчезне од чинијата за минута.
-->
Потребни состојки и начин на подготовка:
За кекс:
- 150g кокосово брашно
- 6 лажици мед или јаворов сируп
- 140g растопено кокосово масло
- Помешајте ги сите состојки, додека не добиете смеса како тесто.
- Префрлете ја во калап обложен со хартија за печење и печете 10-тина минути на 180 степени.
- Нека се олади додека го спремате карамелот.
За карамел:
- 180g путер од кикирики
- 150g мед или јаворов сируп
- Лажичка ванила
- Загревајте ги путерот и медот во еден сад на плотна, додека не се соединат и на крај додадете ја ванилата.
- Истурете ја смесата над тестото и рамномерно распоредете.
- Ставете во замрзнувач 1 час, додека карамелата не се стегне.
За чоколадо:
- 200g црно чоколадо со 70% какао
- Растопете го чоколадото во еден сад.
- Од колачето исечете правоаголници и секој правоаголник потопете го во чоколадото. ,
- Оставете да се излади уште 1 час во фрижидер.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Здрава ресана торта, подготвена во блендер
Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Прсти да излижете: Баунти колач со кокос и Орео колачиња, што не се пече
Од овој колач задолжително ќе барате парче плус, а е омилен им е на сите оние шт...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Рецепт за колач со кокос и плазма, без печење
Овој брз десерт без печење им успева на сите, дури и на оние што не ги „бива“ во...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете
Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...