Кога немате ништо благо дома: Овесни колачиња готови за 15 минути
-->
Овие овесни колачиња се подготвуваат за 15 минути, а ќе ги снема уште побрзо. Дополнително, нема да имате никаква грижа на совест затоа што ова е здрав десерт, што не содржи ниту шеќер, ниту брашно.
Во моментите кога немате ништо благо дома, а сакате да направите нешто брзо, тогаш можете да се послужите со овој рецепт за брзи овесни колачиња, што не содржат шеќер и брашно.
-->
За подготовка на овесни колачиња со брусница и лешници ќе ви бидат потребни околу 15 минути, а не е потребно да имате напредни вештини за готвење, затоа што целата подготовка се состои од мешање на состојките и печење.
Потребни состојки:
- 50g мелени лешници;
- 1 голема лажица прашок за печиво;
- 130g мек путер;
- 1 прстофат сол;
- 1 прстофат цимет;
- 1 јајце
- 200g овесни снегулки;
- 80g мед;
- 50g сува брусница.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на температура од 180 степени Целзиусови.
- Во длабок сад се мешаат мелените лешници и прашокот за печиво. Се додава путер, сол, цимет и јајце и со миксер се мати додека не се добие еднаква смеса, или околу 1 минута.
- Со мешање со маталка се додаваат овесни снегулки, мед и брусница.
- Со супена лажица се вадат колачиња и се ставаат на плех на хартија за печење, па малку се измазнуваат.
- Колачињата се печат на температура од 180 степени Целзиусови околу 12 минути, а откако ќе се изладат се чуваат во затворен сад.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути
Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...
Рецепт за здраво тирамису, со овесни снегулки и ванила
Иако е одличен здрав десерт, ова тирамису од овесни снегулки можете да го јадете...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер
Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...
Посен ручек за сладокусци - полнети црвени пиперки со ориз и печурки
Во деновите на пости, ви препорачуваме превкусен рецепт за црвени пиперки полнет...
-->