Однадвор крцкави, внатре меки - Мини тортички од компири со путер
-->
Однадвор крцкаво, внатре меко и вкусно. Овие мини-тортички од компир совршено ќе се вклопат со кое било месо на масата, а можете да ги подготвите и како предјадење.
Сè што треба да знаете е да пасирате компир и да направите купчиња со кеса за филување.
-->
Тие ќе бидат совршена замена за пире или печени компири.
Потребни состојки:
- 1 kg компири;
- 3 жолчки од големи јајца;
- 3 големи лажици млеко;
- 2 големи лажици путер;
- 1 мала лажичка сол;
- ¼ мала лажичка црн бибер;
- Прстофат мелено морско оревче;
- 1 големо јајце изматено (за премачкување).
Начин на подготовка:
- Компирите се лупат и се мијат, па се ставаат во длабоко тенџере, во кое се додава вода додека во целост не бидат покриени.
- Тенџерето се става на оган и кога водата ќе почне да врие, температурата на ринглата се намалува, а компирите покриени се оставаат да се варат уште 15 до 20 минути или додека не омекнат.
- Компирите се процедуваат и се мијат со ладна вода додека не се оладат.
- Рерната се загрева на 200 степени Целзиусови.
- Компирите се ставаат во длабок сад и се пасираат додека не се добие пире без грутки.
- Во пирето се додаваат жолчките од јајца, млекото, путерот, солта, биберот и морското оревче.
- Плехот за печење се обложува со хартија за печење.
- Со кеса за филување и врв со поголем отвор се прават шест купчиња од смесата од компири.
- Готовите купчиња се премачкуваат со изматено јајце и се ставаат да се печат во рерна на температура од 200 степени Целзиусови околу 20 до 25 минути или додека не добијат златно кафеава боја.
Погледнете го деталниот начин на подготовка во приложеното видео:
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Викенд мезе: Мини тортиљи со пилешко и зеленчук по турски рецепт
Мини пилешките тортиљи по турски рецепт се деликатес кој мора да го пробате.
...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече
Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате)
Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
-->