Популарен рецепт од ТикТок: Супербрза багет пица од само 5 состојки
-->
Тиктокерката Валентина Муси на популарната мрежа сподели рецепт за едноставна пица, која ѝ донесе речиси три милиони лајкови. Во исто време, таа популаризираше многу едноставно и вкусно јадење инспирирано од традиционалната пица.
Наместо домашно или купено тесто за пица, можете да користите каков било леб, а за овој рецепт ви е потребен багет.
-->
Рецептот е толку едноставен што на сите им успева, дури и она оние што немаат поим од готвење.
Потребни состојки:
- 1 багет
- 100 g рендан кашкавал по желба
- 70 ml доматен сос (кечап, свежо сечкан домат, црвено песто …)
- 30 g сувомеснато по желба (кулен, чајна, печеница, свински врат, па дури и мелено месо, по желба)
- 1 лажичка лук во прав
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 190 степени.
- Исечете го багетот на половина или на три четвртини на еднакво распоредени места. Не сечете го багетот докрај, туку направете само засеци, за да изгледа како „хармоника“.
- Во засечените делови ставете малку доматен сос и сувомеснато по избор, а по желба наросете рендан кашкавал или пак сирење.
- Печете 10 минути.
- Кога малку ќе се излади багет пицата, исечете ја на помали парчиња и послужете додека е топло.
@sweetportfolio Full recipe in the comments?✨ #foodtiktok #bakingszn #pizza #foodhacks
-->-->♬ original sound - Josh Lepulu
-->
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути
Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за колач со мандарини и карамелизиран шеќер
Ако еднаш го направите овој колач, веќе нема да сакате да ги јадете мандарините ...
-->