Новогодишни хот-дог залчиња – вкусно мезе во форма на елка

Елката е симбол на претстојните празници, а еве една идеја како да подготвите вкусно претпразнично мезе, во форма на новогодишното дрво.

pretpraznichno-meze-novogodishna-hot-dog-elka-so-lisnato-testo-video-01.jpg

За подготовка на ова мезе нема да ви бидат потребни премногу состојки, а ќе ги изненадите домашните со нешто ново и невообичаено.

Дополнително, за подготовка на овој специјалитет ќе ви бидат потребни околу 30 минути.

Потребни состојки:

  • 250g готово лиснато тесто (одмрзнато)
  • 3 големи лажици сенф
  • 15 виршли или колбаси
  • 1 жолчка од јајце
  • Сусам за декорација

Начин на подготовка:

  • Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови.
  • Тестото се става на рамна површина и врз него се премачкува сенф.
  • Почнувајќи од краевите, секој колбас или виршла се завиткува во тесто и тестото се сече по должина на колбасите.
  • Оваа постапка се повторува сè додека не се потрошат состојките.
  • Замотаните колбаси се сечат на кругови со дебелина од околу 3 cm.
  • На обложен плех се распоредуваат крукчињата во форма на елка (триаголник со стебло и врв).
  • Кога ќе се добие посакуваната форма, елката се премачкува со жолчка од јајце.
  • По желба можете да декорирате со сусам.
  • Хот-дог елката се пече околу 20 минути, односно додека не добие златно-кафеава боја.

Деталното упатство погледнете го во видеото:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Сочно пилешко во сос од сенф и кари Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg