Посен десерт, без печење – колач со чоколадо, лешници и кокос

Време е да подготвите малку поинаков десерт и да се забавувате во кујната. Овој десерт ѝ припаѓа на категоријата со претставка „здрави“, па нема да имате толку многу грижа на совест по засладувањето.

Zdrava-torta-od-leshnici-i-chokolado-bez-pechenje-01.jpg

Потребни состојки:

Кора

  • 125g лешници
  • 100g кокосово брашно
  • Прстофат морска сол
  • 3 лажици какао во прав
  • 25 урми (претходно потопени во млака вода околу 15 минути)
  • Екстракт од ванила
  • 7-12 лажици од водата во која отстоиле урмите (по потреба)

Фил

  • 1/2 чаша путер од кикиритки
  • 2 лажици мед

Прелив

  • 80g темно чоколадо
  • 20g путер
  • 30g путер од лешници (по избор)

Начин на подготовка:

Во блендер се ставаат лешниците, кокосот, какаото, солта и се матат додека да добијат „брашнеста“ текстура.

Потоа се додаваат урмите (исцедени од вода) и екстрактот од ванила. Блендирајте додека состојките целосно не се соединат и смесата не стане леплива. Додадете вода по потреба.

Добиената смеса притиснете ја во калапот кој најдобро е да го покриете со кеса за замрзнување и ставете го во замрзнувач/фрижидер додека го подготвувате филот.

Измешајте го путерот од кикиритки со медот и прелијте ја „кората“. Најдобро би било тортата да отстои преку ноќ во фрижидер.

Растопете го темното чоколадо со путерот и прелијте го колачот. По желба декорирајте со малку течен путер од лешници.

За полесна подготовка на десертот, погледнете го видеото:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 рецепти за деновите кога постите без масло Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg