Потпечен карфиол со јајца, павлака и сирење – есенски деликатес кој ќе ве освои
-->
Мек, вкусен, совршен. Овој здрав оброк носи специфична есенска арома и вкус, а сите кои обожаваат карфиол ќе го направат уште денес.
Потребни состојки:
- 1,2 kg карфиол
- 4 јајца
- 100 ml млеко
- 2 лажици павлака
- 150g сирење (најдобро е да употребите Трапист – полутврдо сирење, но може и каков било друг вид, по желба)
- Сол, бибер, суви зачини (по желба)
- Сечкан магдонос
Начин на подготовка:
- Измијте го карфиолот и исечкајте го на покрупни делови. Во подлабоко тенџере ставете околу 2 литри вода и сол и оставете да зоврие.
- Ставете го карфиолот во водата и варете околу 5 минути. Потоа префрлете го во сад со ладна вода за да го прекинете процесот на готвење и процедете го.
- Со малку масло, премачкајте подлабоко тавче. Наредете го карфиолот на дното од тавата и посипете го со малку сол, сув зачин и бибер, па ставете го во загреана рерна на 200 степени и печете околу 10 минути.
- Во меѓувреме, изматете ги јајцата со павлаката и млекото. Зачинете ја смесата со малку сол и зачини, па прелијте ја врз печениот карфиол.
- Карфиолот вратете го да се пече уште десетина минути во загреана рерна на 220 степени.
- Готовиот карфиол посипете го со рендано сирење и ситно сечкан свеж магдонос и послужете веднаш, додека е топло.
-->
(О)Милена | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг
Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина
Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...
-->