Зимска крем салата од зелка - идеална за зимските собиранки

Ако ви треба брзо мезе за да се покажете пред гостите, пробајте го овој рецепт за зимска крем салата од зелка.

zimska-krem-salata-od-zelka-001.jpg

Се прави за помалку од 15 минути, а се јаде со сласт.

Потребни состојки:

  • 6-8 кисели краставички
  • Мала конзерва туна
  • Свежа зелка, околу 1 килограм
  • 200g мајонез
  • 200g павлака
  • Сол, бибер, магдонос

Подготовка:

  • Краставичките изрендајте ги, а зелката исечкајте ја ситно. Измешајте заедно со туната, мајонезот и павлаката, па додајте ги сите зачини.
  • Може да додадете и малку од течноста од теглата во која стоеле краставичките, за покисел вкус.
  • Послужете ја салатата добро оладена.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате) Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg