Меки и воздушести слатки облачиња: италијански панини полни со чоколаден крем

Доколку сте од оние кои постојано сакаат да испробуваат нови рецепти, тогаш веруваме дека ова слатко задоволство ќе ги исполни сите ваши очекувања.

Italijanski-panini-so-choko-krem-01.jpg

Меки и воздушести панини „облачиња“ исполнети со чоколадо и џем кои може да ги направите за појадок, вечера или слатка ужина.

Потребни состојки:

  • 200g брашно
  • 25g шеќер
  • 1 жолчка од јајце
  • 4g сув квасец
  • 90ml млеко
  • 20g путер
  • Чоколадо или џем (вкус по избор)

Начин на подготовка:

  • Во подлабок сад измешајте ги брашното, шеќерот, жолчката, квасецот, истурете го млекото и месете со рака.
  • Додадете го путерот, па повторно месете. Покријте го тестото со фолија и оставете да отстои 15 минути.
  • Расукајте го тестото, па него направете топчиња кои ќе ги покриете со фолија и ќе оставите да отстојат уште 10 минути.
  • Наполнете ги со џем или чоколадо по избор, па спојте ги краевите на тестото за да се затворат. Оставете ги покриени со крпа 10 минути, па во тавче испечете ги сосема малку, подеднакво од двете страни.

За полесна подготовка, видео-рецептот ќе ви биде од голема помош:

Italijanski-panini-so-choko-krem (1).jpg

Italijanski-panini-so-choko-krem (2).jpg

Italijanski-panini-so-choko-krem (3).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg