Ручек за гурмани: Кремасти начос-компири со мелено месо, растопен кашкавал и чили пиперки
-->
Доколку ви е здодеано на менито постојано да ги ставате истите оброци, обидете се со овој интересен рецепт, со којшто ќе пробате нешто ново, а пријатно ќе ги изненадите сите гурмани.
Станува збор за оброк инспириран од мексиканската кујна, а тоа значи дека пред сè ова е оброк за оние што сакаат лута и зачинета храна.
-->
Потребни состојки:
- 1 kg компири
- 3 големи лажици стопен путер
- 2 големи лажици морска сол
- 5 големи лажици кајун зачини (мешавина од зачини што вклучуваат: црвен пипер, каенски пипер и лук во прав);
- 500 ml слатка павлака
- 2 чешниња лук (исечкани);
- 1 голема лажица масло за јадење;
- 3 мешани пиперки (зелена и црвена) исечкани;
- 1 кромид;
- 500g мелено јунешко месо
- 2 големи лажици доматно пире;
- 200g пасата од домати
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 180 степени Целзуисови.
- Компирите се лупат, се мијат и се сечкаат на тенки кругчиња.
- Исечканите компири се мешаат со стопен путер, сол, кајун зачин и слатка павлака додека смесата не се соедини.
- Компирите се ставаат во поголем плех и се распоредуваат додека не добиете рамен слој. Се ставаат да се печат на 180 степени Целзиусови или додека да омекнат.
- Во меѓувреме во голема тава со нелепливо дно се загрева голема лажица масло и се ставаат исечкан кромид и исечкани пиперки да се запржат и омекнат. По ова омекнатиот зеленчук се вади од тава и се остава настрана.
- Во истата тава се става меленото месо да се пржи додека добие убава кафеава боја, а потоа се додаваат 2 големи лажици кајун зачин, доматно пире и пасата од домати, па се меша додека не се соедини.
- Пиперките и кромидот се враќаат во тавата за да се зготват заедно со месото.
- Компирите се вадат од рерната и врз нив се нанесува филот од мелено месо и пиперки.
- Како последен слој се нанесува рендан кашкавал и се враќа во рерна да се допече уште 10 минути.
- Сервирајте со лути пиперчиња.
Видео од подготовката:
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за пилешко полнето со печурки и пармезан
Ако досега не сте зготвиле пилешки гради на овој начин, пробајте ги веднаш - нем...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече
Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Сочна паста со шери домати и фета сирење, во Air Fryer
Паста е секогаш одлична идеја, без оглед дали сакате макарони, шпагети или орзо....
Посен ручек за сладокусци - полнети црвени пиперки со ориз и печурки
Во деновите на пости, ви препорачуваме превкусен рецепт за црвени пиперки полнет...
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
-->