Идеални за богородичните празнични пости – вкусни мафини без масло
-->
Во тек се богородичните пости, а сите кои ги практикуваат веројатно се соочуваат со предизвикот - без употреба на масло во текот на постот.
За вас имаме едноставен и вкусен рецепт кој веднаш ќе го засакате – слатки мафини кои се прават лесно и брзо. Во нив нема масло, што значи дека постот ќе го поминете без грешки.
-->
Потребни состојки:
- 150g брашно
- 150g мелени овесни снегулки
- 300 ml вода
- 3 лажици гриз
- 1 кесичка прашок за печиво
- 1 кесичка ванилин шеќер
- ½ половина кесичка сода бикарбона
- 50g какао
- 50g шеќер
- Цимет
- 2 рендани јаболка
- 2 изгмечени банани
- Суво грозје
- Мелени ореви
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 220 степени.
- Измешајте ги прво сите суви состојки, па додадете ги течните. На крајот, постепено додавајте вода додека не добиете густа, хомогена смеса.
- Смесата префрлете ја во калап за мафини, во кој претходно сте ставиле хартиени корпи за печење.
- Печете ги мафините во загреана рерна од 15 до 20 минути или додека добро не заруменат. Проверете дали се добро испечени со помош на чепкалка.
- Додека се топли, може да ги наросите со шеќер во прав, по желба.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Вкусен колач со боровинки и лимон
Ако немате свежи боровинки можете да користите и смрзнати, но вкусот на колачот ...
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...