Домашни баунти бомбици кои се топат во уста – како да ги направите сами?
-->
Го имаме рецептот за најбрзите, најлесните и највкусните баунти колачиња кои може да ги направите сами, дури и ако сте почетник во кујна - ви требаат 4 состојки.
Љубителите на кокос нема да одолеат на овој рецепт, а со сигурност нема да доброите колку колачиња ќе изедете.
-->
Овие баунти бомбици се прават многу брзо и лесно, а се топат во уста.
Потребни состојки:
- 190g грчки јогурт
- 200g кокосово брашно
- 10ml мед
- Темно чоколадо, стопено
Начин на подготовка:
- Измешајте го кокосовото брашно со грчкиот јогурт и медот и мешајте додека добиете хомогена смеса.
- Направете топчиња од тестото, наредете ги во сад и оставете ги во фрижидер барем 30 минути да се стврднат.
- Пред да ги извадите од фрижидер кокосовите топчиња, стопете го чоколадото.
- Ставете стапчиња за ражничи во топчињата и потопете ги во стопеното чоколадо, а потоа оставете ги на хартија за печење да се изладат.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа
Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Чоколадни бомбици од смеса за готова торта
Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со...
Вкусен домашен ручек - Како да направите тавче гравче?
Тавче гравче претставува македонски традиционален рецепт кој бара внимание, но л...
За љубители на кафе: Браунис колачиња што се топат во уста
Браунис колачиња со вкус на еспресо - има ли подобар десерт за љубителите на чок...
-->
-->