Најдоброто „Маргарита“ пилешко кое ќе го пробате во животот – ќе ви потечат лиги

Сме прочитале и испробале стотици рецепти за пилешко во животот и сепак, никогаш доста. Обожаваме пилешко затоа што се подготвува брзо и лесно, вкусно е, здраво и може да се комбинира со многу други состојки, а вкусот секогаш да биде фантастичен.

Margarita-pilesko-01.jpg

Овојпат, инспирирани од Медитеранот, испробајте го пилешкото „Маргарита“ од кое дефинитивно ќе ви потечат лиги.

Потребни состојки:

  • 1 лажица ладно цедено маслиново масло
  • 500 g пилешки гради
  • Суво оригано, сол, црн бибер
  • ¼ шолја бело вино
  • 4 лажици путер
  • 3 чешниња исечкан лук
  • Сок од 1 свежо цеден лимон
  • 1 шолја рендана моцарела
  • 1 шолја песто сос
  • 2 шолји сечкани шери домати
  • Малку рендан пармезан (по желба)

Начин на подготовка:

  • Во длабока тава за готвење, на средна температура, загрејте го маслото. Зачинете го пилешкото месо со сол, бибер, оригано, или други зачини по вкус.
  • Ставете го во тавата и гответе додека добро не порумени, околу 6 минути од секоја страна поединечно.
  • Префрлете го пилешкото на чинија. Истурете го белото вино во тавата во којашто се пржеше месото и почнете да мешате со дрвена лажица.
  • Додадете го путерот и мешајте додека целосно не се растопи. Потоа додадете го сокот од лимон и лукот.
  • Вратете го пилешкото месо во тавата и врз секое парче ставете моцарела. Почекајте додека целосно не се стопи, околу 1 минута.
  • Ставете песто сос врз моцарелата, додадете ги шери доматите и по желба ставете рендан пармезан.

Послужете додека е топло.

Margarita-pilesko (4).jpg

Margarita-pilesko (3).jpg

Margarita-pilesko (2).jpg

Margarita-pilesko (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Сочно пилешко во сос од сенф и кари Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg