2 освежителни, летни салати – се спремаат за 10 минути
Како што температурите се качуваат, а ние се подготвуваме за плажа, така менито ни станува многу поограничено и лесно.
Сепак, иако состојките се ограничени на исклучиво свежи и ладни, без многу готвење, не значи дека не може да експериментирате.
Овие две освежителни, летни салати се идеални за деновите кога не ви се готви. Ќе ви требаат 10 минути и неколку различни состојки.
Салата со калинка, портокал и домат
Состојки:
- 200g млад спанаќ
- 200g рукола
- 200g зелена салата
- 1 шолја исчистена калинка
- 1 шолја крутони
- 1 портокал исечкан на парчиња
- 50g сушен домат
- Малку сусам
За прелив:
- 1/3 шолја маслиново масло
- 2 лажици сок од портокал
- 2 лажици сок од лимон
- 1 лажица балсамико
- 30ml мед
- Сол и бибер по желба
Сите состојки измешајте ги во длабок сад, па на крај проросете со сусам. Состојките за сосот ставете ги во една тегличка, промешајте ги и прелијте ја салатата.
Салата со овошје и козјо сирење
Состојки:
- 1 тиквичка
- ½ краставица
- 1 морков
- 1 нектарина праска
- 150g микс зелена салата
- 100g јагоди
- 100g козјо сирење
За прелив:
- 1 лажица сенф
- 1 лажица мед
- Сол и бибер или зачин по желба
- 50ml балсамико
- 100ml масло
Зеленчукот и овошјето исечкајте ги на ситни коцки или кругови, по желба. Оставете ги во фрижидер, да станат покрцкави и да се измешаат вкусовите.
Подгответе го сосот со мешање на сите состојки во тегличка. Прелијте го зеленчукот, па на крај проросете го сирењето.
М. Д. | Црнобело