Рецепт за вкусно летно јадење од нашите баби – Полнети пиперки со сирење и јајца
Се чини дека пиперките и доматите се неизбежни во летниот период во нашата кујна, додадете сирење и леб и подготвени сме за гозба. Ова е еден рецепт за вкусни полнети пиперки со сирење.
Освен што станува збор за вкусно јадење, ова е лесен рецепт за подготвување и може да го направат дури и оние што немаат или имаат минимално искуство во кујната.
Состојки:
- 4 пиперки
- 250g ситно сирење
- 1 јајце
- 0,5 dl кисела павлака
- Малку маслиново масло
- Сол и бибер
Подготовка:
Ја пуштаме рерната да се загрее на 180 степени Целзиусови.
Пиперките ги миеме, ја отстрануваме рачката, ги чистиме семките, а потоа ги сушиме.
Во длабок сад ги мешаме сирењето, павлаката, јајцето и додаваме сол и бибер по вкус.
Пиперките ги полниме со смесата и ги ставаме исправени во претходно премачкан плех со маслиново масло.
Пиперките се печат на 180 степени околу 40 минути или додека сирењето не порумени.
Послужете со свежи домати, маслинки и секако леб.
Б. С. Б. | Црнобело / фото: Freepik/ Depositphotos