Редена торта со јагоди – за кога немате ништо благо во фрижидер
-->
Сезоната на јаготки треба да се искористи максимално, па ова е уште еден сладок рецепт како да ги вклучите во лесните, пролетни и летни десерти.
Редената торта со јагоди и шлаг се подготвува за 15 минути, без печење и е спас кога немате ништо благо во фрижидерот.
-->
Потребни состојки:
- 500g јагоди
- 300ml слатка павлака
- 200g павлака со повисока масленост
- 100g шеќер
- 200g пишкоти
- 200ml ладно млеко за пишкотите
- Малку екстракт од ванила
- Малку лимон
Подготовка:
- Најпрво, одберете го садот во кој ќе ја правите тортата.
- Исчистете ги јагодите, измијте ги и прелијте ги со неколку лажици лимонов сок.
- Со миксер изматете ја павлаката, па кога ќе се згусне додадете го шеќерот, малку по малку. На крај истурете го и милерам кремот (или павлаката), па миксирајте уште 1-2 минути, додека добиете крем смеса.
- Во ладното млеко ставете го екстрактот од ванила и промешајте.
- Потопете ги пишкотите, една по една, па наредете еден ред во садот кој го обравте.
- Врз нив ставете ред од кремот и ред сечкани јаготки.
- Повторувајте додека не го наполните садот, односно додека не го истрошите материјалот.
- Нека отстои неколку часа во фрижидер пред послужување.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече
Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Лиснати погачици со сладок крем и вишни
Ова слатко лиснато задоволство е совршено за појадок или ужинка. Дали би го проб...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Вкусен викенд појадок - потпечена тортиља со спанаќ и кашкавал
Богатство од вкусови за совршен викенд појадок кој се подготвува за 30-тина мину...
Рецепт за торта со јагоди и крем без печење
Ви се јаде нешто слатко, сочно и кремасто, а не сакате да печете? Пробајте ја ов...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење)
Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...