Tорта која ќе ве освои - се прави за 5 минути, без брашно и шеќер, погодна за дијабетичари и сите што бројат калории

Доколку секогаш сте „во гужва“ и немате време за комплицирани слатки рецепти, тогаш овој е идеалниот рецепт за вас. Ќе ви бидат потребни буквално пет минути за подготовка, а толку е сочен и вкусен што со сигурност ќе му се навратите повторно.

Se-pravi-za-5-minuti-bez-brashno-i-shekjer-01.jpg

Особено е погоден за дијабетичари и за сите што внимаваат на здравјето, на фит изгледот и бројат калории, а во тој случај, наместо вообичаена, млечна чоколада за глазура, користете ја онаа за дијабетичари или пак темно чоколадо со многу висок процент на какао.

Секако, дијабетичарите и оние со здравствени проблеми најдобро си знаат во консултација со својот лекар што и во кои количини треба да консумираат. 

А, едно е сигурно - оваа торта освојува на прво залче, независно дали сте „зависник“ од благо или не. 

Потребни состојки:

  • 2 банани
  • 2 јајца
  • 4 лажици какао
  • 1/2 лажичка прашок за печиво

Глазура:

  • 50 g чоколадо
  • 45 ml млеко
  • 15 g путер

Начин на подготовка:

  • Скршете ги јајцата, па ставете во блендер. Додадете ги сечканите банани, какаото и прашокот за печиво и добро изматете за да добиете мазна смеса.
  • Истурете ја смесата во подмачкан калап со дијаметар од 14 cm и печете 5-8 минути.
  • Прелијте го чоколадото со млекото и додадете путер, па загрејте ги состојките со цел убаво да се растопат.
  • Свртете ја испечената торта наопаку, а потоа прелијте ја со чоколадната глазура.
  • Оставете ја да отстои некое време за да се впие чоколадната глазура, а потоа исечете и послужете.

За полесно следење на инструкциите погледнете го видеото:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вкусен колач со боровинки и лимон Ако немате свежи боровинки можете да користите и смрзнати, но вкусот на колачот ...
Вкусен десерт: Чурос залчиња со цимет и путер Чурос потсетуваат на тулумби, а сепак не се. Но овие мали залчиња се превкусни и...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg