„Џуси Луси“ – сочни, мини хамбургери од кои ќе ви потечат лиги
-->
Ретки се рецептите кои имаат потенцијал да им се допаднат на сите. „Џуси Луси“ го нема тој проблем, ќе го обожаваат сите од 7 до 77, сочни, мини-хамбургери од кои ќе ви потечат лиги и дефинитивно нема да запрете на само едно изеден сендвич.
Потребни состојки за смесата:
- 1 kg мелено говедско месо
- 2 лажици Ворчестер сос
- ½ шолја рендан кромид
- 6 парчиња гауда кашкавал
- 6 парчиња чедар кашкавал
- 6 парчиња моцарела
- 12 ленти сланина
- Сол и бибер по вкус
За сосот:
- 1/2 шолја мајонез
- 2 мали лажички лут сос (по желба)
За составување на „Џуси Луси“:
- 12 мали меки лепчиња за бургер
- 3-4 листови марула
- 2 домати, тенко исечкани
- Кисели краставички исечкани на тркалца
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200°C и подгответе тавче за печење на сендвичите обложено со хартија за печење на дното.
- Во подлабок сад, помешајте го меленото говедско, сол, бибер, Ворчестер сосот и ренданиот кромид. Добро измешајте додека сите состојки не се соединат во мазна смеса.
- Поделете ја смесата на половина. Едната половина натапкајте ја во тавчето за печење. Врз неа, ставете ги парчињата од одбраниот кашкавал. Внимавајте да не ги доближувате до рабовите на смесата, за да не истече растопениот кашкавал. Врз наредениот кашкавал натапкајте го остатокот од смесата со мелено месо, односно втората половина.
- Наредете ги парчињата сланина и печете го месото околу 30 минути или додека парчињата сланина не станат златни и крцкави.
- Додека месото се пече, помешајте го мајонезот со лутиот сос и подгответе го зеленчукот. Исечете ги малите лепчиња за сендвичи на половина.
- Додадете зелена марула, сечкани домати, кисели краставички и преливот од мајонез.
- Откако печената смеса за бургерите ќе се олади, внимателно извадете ја од тавчето и ставете ја врз краставичките и сосот. На крајот додадете ги горните делови од лепчињата.
- Сечете помеѓу нив со остар нож, месото лесно ќе се сече, а растопениот кашкавал е тука за уште поголемо уживање.
*Рецептот може да го адаптирате и со 6 лепчиња со стандардна големина, доколку не можете да најдете мали бриош лепчиња.
-->
-->
-->
(О)Милена | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Викенд ручек: Сочни шпагети со грчки ќофтиња, во црвен сос
Овој превкусен рецепт е комбинација од италијанската и грчката кујна... Дали би ...
Викенд мезе: Мини тортиљи со пилешко и зеленчук по турски рецепт
Мини пилешките тортиљи по турски рецепт се деликатес кој мора да го пробате.
...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Сочно пилешко во сос од сенф и кари
Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
Лесен рецепт за брза вечера: Пита од тортиљи со растопен кашкавал и шунка
Мека пита со парченца шунка и растопен кашкавал, без месење, тегнење и чекање......
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...