Шпагети „Качо е пепе“ – едноставен рецепт од италијанската кујна
-->
Обично кога помислуваме на шпагети, сметаме дека треба да приготвиме и сос со повеќе состојки или да се обезбедиме со повеќе додатоци, но оваа класична варијанта од италијанската кујна во Рим е мошне едноставна како за приготвување, така и во однос на состојките.
Потребни ви се отприлика околу 15 минути да ги подготвите и само три состојки.
-->
Потребни состојки (за две порции):
- 2 лажици црн бибер во зрно;
- 200 g шпагети;
- 80 g овчи кашкавал (на собна температура);
- Сол по вкус.
Начин на подготовка:
- Ставете две чинии за послужување во рерна на тивка температура да се затоплат или наполнете ги со топла вода;
- Зрната црн бибер се топлат на сува тава и кога ќе почнат да шират мирис се толчат во аван со толчник. Доколку немате толчник, тогаш само измелете ги зрната бибер во мелница;
- Шпагетите се варат во поширок сад, со помалку вода;
- Пет минути откако сте ги ставиле шпагетите да се варат, се одвојува околу 250ml од водата во која што се вареле и се остава настрана да се олади додека го рендате кашкавалот;
- Садот со шпагетите се трга од оган и се покрива; Готовите шпагети се процедуваат и се оставаат настрана додека го подготвувате сосот;
- Изренданиот кашкавал и најголемиот дел од биберот се ставаат во голем сад;
- Со тенок млаз се додава од оладената вода од шпагетите во садот каде што ги оставивте кашкавалот и биберот и се мати со маталка додека не се добие сос што наликува на бешамел;
- Шпагетите се додаваат во садот со сосот и се мешаат, а се сервираат во претходно затоплените чинии.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки
Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Сочно пилешко во сос од сенф и кари
Ако немате идеја за ручек или сакате да зготвите нешто вкусно кога ќе поканите г...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
5 домашни сосови кои се одлична замена за мајонез
Се подготвуваат брзо, лесно, вкусни се и здрави и одлична замена се за мајонез.....