Пенести маршмелоу бонбони од само 6 состојки - можат да ги подготват и почетници (видео)
-->
Пенесетите Маршмелоу бонбони можете да ги направите и сами дома со помош на овој едноставен рецепт. Некои сакаат овие бонбони да ги комбинираат со кафе, некои ги користат за декорации. Нивната подготовка е мошне едноставна, а вкусовите и боите можете да ги изберете сами.
Според корисниците на социјалните мрежи маршмелоу бонбоните што се подготвени дома се многу повкусни од оние што се продаваат во продавница.
-->
За овој рецепт ви се потребни само неколку едноставни состојки, а готовите бонбони ќе ви бидат омилен додаток со топло кафе или какао.
Потребни состојки:
- 250 g шеќер;
- 30g желатин во прав;
- 240ml вода;
- растително масло со неутрален вкус;
- ½ кафена лажица екстракт од ванила;
- шеќер во прав (за посипување);
Начин на подготовка:
- Желатинот се потопува во 120ml топла вода, се меша и се остава да омекне околу 10 минути;
- Се зема калап или поголем плех и се премачкува со растително масло без вкус;
- Во тенџере се става 250g шеќер и 120ml вода и се вари додека не се добиеме густ шербет;
- Во шербетот се додава растопениот желатин, па се вари уште околу 1 до 2 минути, а потоа се трга од рингла (доколку има грутки од желатин, тие се толчат со шпатула);
- Смесата се префрла во чист сад и се остава да се олади околу 2 минути;
- Се мати со мискер на голема брзина сѐ додека смесата не добие бела боја или околу 5 до 6 минути, а потоа се додава екстракт од ванила и се мати уште малку;
- Смесата се става во премачканиот калап (доколку сакате бонбоните да ги направите во повеќе бои, тогаш половина од смесата ја ставате во калапот, а во другата се додава прехранбена боја се меша, па се префрла во калап);
- Вака подготвената смеса се остава да отстои 4 часа на собна температура, а потоа се посипува со шеќер во прав;
- Смесата се става врз чиста работна површина и се сечат бонбони.
Видео упатство:
@floralapronblog Stormy wanted to learn how to make marshmallows, too ? #marshmallows #madeathome #recipevideo #bakingtiktok #sugar #EndlessJourney #fyp #foryou #homemadeisbetter ♬ original sound - Alyssa
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
3 рецепти за деновите кога постите без масло
Шпагети со лук и сусам, вкусен ориз со лозови листови или киноа... Што можете да...
Рецепт за турски ѓевречиња меки како душа
Овие турски ѓевречиња уште се познати и како ачми, а може да ги подготвите и со ...
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата
Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...