Брзо мезе: Мини триаголници полнети со кашкавал и сланина

Верувале или не, ова вкусно мезе се прави од леб, а подготовката одзема само неколку минути – за исто толку и ќе ја испразните чинијата.

brzo-meze-mini-triagolnici-polneti-so-kashkaval-i-slanina-01.jpg

Периодов вечерите ги поминуваме во домот, па зошто да не го искористите времето со најблиските за дружење со мезе?

Кога сакате вкусно мезе, нормално, не ви се меси, а во фрижидерот немате замрзнати лиснати, овој рецепт е идеален спас.

Вкусните триаголничиња се прават од тост-леб, а може да ги наполните со фил по желба, а ние најдовме идеална комбинација…

Потребни состојки:

  • 10 парчиња тост леб
  • 100 g рендан кашкавал
  • 8 парчиња сланина, крцкаво запржена и сечкана
  • 2 лути пиперчиња, сечкани
  • 3 јајца
  • 250 ml млеко
  • ½ лажичка сол
  • ½ лажичка бибер

Начин на подготовка

  • Измешајте ги кашкавалот, сланината и пиперките.
  • Исечете ја кората од лебот и внимавајте да создадете рамни краеви од коцката на лепчето.
  • Во посебен сад измешајте ги јајцата, млекото и зачините.
  • На една страна од лепчето редете по 1 лажица од мешавината со кашкавал и сланина, спојте два дијагонални агли и притискајте со прстите по краевите за да се зацврстат.
  • Потопете ги сите триаголници во мешавината од јајца и млеко.
  • Загрејте малку путер на тавче и запржете ги триаголниците од двете страни додека не станат кафеави. 
  • Послужете со сос по желба.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брз и хранлив оброк: Јајца со кисело млеко или павлака, на турски начин Пржените јајца честопати се дел од нашите оброци, а најчесто ги подгот...
4 рецепти кои може да ги направите со јајцата кои ви останаа од Велигден Овие предлог рецепти ќе ви помогнат најдобро да ги искористите јајцата од велигд...
Лесен рецепт за брза вечера: Пита од тортиљи со растопен кашкавал и шунка Мека пита со парченца шунка и растопен кашкавал, без месење, тегнење и чекање......
Мафини од печени јајца - рецепт за поинаков, а вкусен појадок (или вечера) Ви здодеа да јадете варени јајца или јајца на око, а сепак ги обожавате? Тогаш с...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате) Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg