Рецепт за брза бајадера која се топи во уста
-->
Ова е уште еден рецепт кој нема да ве „заглави“ во кујната со часови, а ќе добиете колаче од кое ќе ги излижете прстите.
Подготовката е лесна, а консумирањето на колачето оди уште полесно.
-->
Потребни состојки за брзата бајадера:
- 250g мелени бисквити
- 150g мелени ореви
- 100g мелени печени лешници
- 190g шеќер
- 240g путер
- 200g чоколадо за готвење
- 100g бело чоколадо
Подготовка:
- Направете сируп од 10 лажици вода, 190g шеќер и по желба, ванилин шеќер. Варете го 5-6 минути, па додадете 200g од путерот исечкан на коцки. Мешајте додека не се растопи.
- Сувите состојки помешајте ги во длабок сад, па додадете го сирупот од шеќер и путер.
- На пареа стопете 100g од црното и 100g бело чоколадо.
- Смесата од бисквити, јаткасти плодови и сируп поделете ја на два дела – еден помал и еден поголем дел.
- Во поголемиот дел додадете го растопеното бело чоколадо, а во помалиот дел ставете го растопеното темно чоколадо.
- Во тепсија ставете хартија за печење, па натапкајте го темниот дел од смесата. Распоредете и порамнете. Додадете ја белата смеса и добро израмнете. Оставете колачето да се лади додека ја правите глазурата.
- Стопете ги преостанатите 100g чоколадо со 40g путер и 1 лажица вода. Прелијте го колачот и вратете го на ладење.
- Најдобро е да преноќи пред да сечете коцки.
-->
-->
М. Д. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос
Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...